СКАНДАЛОЗНИ ОБИДИ ЗА ДИСКРЕДИТИРАЊЕ, НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЈА ЗАБРАНИ ИЛИ ОГРАНИЧИ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, РЕАГИРА ГРКОВСКА

0
373

Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи, реагира заменик претседателот на Владата за добро владеење, Славица Грковска по пресудата на судијката Јованка Спировска Панева која одлучуваше по тужбата за случајот „Фероинвест против ИРЛ“, според која ИРЛ не е медиум, а вработените не се новинари.

-Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, напиша Грковска на Фејсбук.