САМО ПОБОГАТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОГОЛЕМИ ДАНОЦИ, ЗАЕВ: ДАНОЦИТЕ ЌЕ БИДАТ СТАБИЛНИ, ДЕЛ ОД НИВ И ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ОД ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

0
1061

“Испраќаме порака на стабилност, нови даноци нема да има. Можни се нови намалувања од последниот квартал на годинава. Мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе пари од Царина и од УЈП во споредба со првите пет месеци лани” – рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според Заев кризен данок не ни треба. Државата е за правично оданочување, побогатите повеќе да плаќаат.

“Пораката е стабилни даноци, ништо нема да правиме изненадувачки што и да се случува во државата, сме го ветиле тоа пред граѓаните и коморите. Целта е државата да ги собира своите приходи преку борба со сивата економија и верувам дека ќе бидеме успешна приказна во позитивниот натпревар во регинот. Стабилноста на даноците е важна, ја потврдуваме и како левичари сме кажале, 2023-та ако успеат сите анализи, сме за правично оданочување” – истакна Заев, афирмирајќи го новиот Закон за данок на имот.

Планот е од последниот квартал од 2021 година да се оди со намалувања на персоналниот данок на доход во ИТ од десет на пет отсто, во последниот квартал од 2022-ра на 3% и во последниот квартал од 2023-та на 0%. Целта е да се поттикнат стартапите и иновативноста.