Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори за кои што верува дека ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Радев и Пендаровски.
“Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Западен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Северна Македонија. Но битно е да продолжиме да работиме на изнаоѓање на решенијата. Сепак ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу.”
Тој повтори дека земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ.
“Што и да е, многу е. Испорачавме се’ од наша страна, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири и за дипломатскиот начин за дијалог и за решавањето на проблемите.”