САМКА ИБРАИМОВСКИ НЕЗАДОВОЛЕН ЗАТОА ШТО ВЛАДАТА ОД МИНИСТЕР ЗА РОМИТЕ ГО НАЗНАЧИ ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА ПАТ: НИЕ КАКО ПЦЕР НАПРАВИВМЕ МНОГУ ЗА РОМИТЕ А ВЛАДАТА МИ ГО УКИНА МОЕТО МИНИСТЕРСКО МЕСТО

0
1097
“Анализиравме во партијата што сме добиле од 2016 година до сега. Имаше големо разочарување од целото тоа чекање нешто да се случи. Нашата партија е најстара ромска партија, регистрирана е дури и пред СДСМ” –  рече Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) кој си поднесе оставка од функцијата заменик-директор на “Македонија пат”.
“Ја почитувавме одлуката на првиот претседател да бидеме левоориентирани. Јас бев пратеник и потоа бев министер. Мојот кабинет беше посветен на Ромите и направивме многу. Направивме проблематични улици во ромски маала и обезбедивме средства за изградба на 25 куќи за Роми во Кочани, исто и во Шуто Оризари направивме 13 улици и во 300 куќи направивме струја итн. Со овој кабинет направивме многу. Владата требаше да направи анализа дека овој кабинет работел, но се случи да се згасне моето министереско место. И според мене тоа беше најголемата грешка” – рече Ибраимовски.