ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОДНЕСЕ ПИСМЕНА ОСТАВКА КАКО ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: РАБОТЕВ ЧЕСНО И ПОСВЕТЕНО ВО ТЕЖОК ПЕРИОД ЗА СДСМ ДА СТАНЕ МОДЕРНА, ДИГИТАЛИЗИРАНА И ДИНАМИЧНА ЕВРОПСКА ПАРТИЈА

0
688

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски поднесе писмена оставка од партиската функција. Тој му изрази и посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

“Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа, остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност” – се вели во писмената оставка на Николовски.