Министерот за здравство Венко Филипче смета дека и покрај омикрон сојот на Ковид-19 не се потребни натамошни рестрикции.
“Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките сѐ до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки” – изјави министерот Филипче.
“Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни” – изјави Филипче.
Тој додаде дека олеснување за следниот министер за здравство е тоа што се намалува бројот на пациенти во ковид-центрите.