КАКО ШТО ГО ДАЛ ГОСПОД, ЛАТАС НЕ МОЖЕ А ДА НЕ ИЗЛАЖЕ, А ЗИНА А ЈА СКИНА, А ЗИНА А ИЗЛАЖА, ТОА МУ Е ВО КРВТА: ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ВМРО ГО ДАДЕ НА ОПШТИНА САРАЈ, А НЕ СДСМ!

0
939

– Шилегов им го даде езерото Треска и целиот рекреативен центар на Сарај а овие па го дадоа на бизнисмени на ДУИ…

Д. П Латас излажа во емисијата САМО ВИСТИНА на Канал 5. Но вистината е сосема друга. Езерото од град Скопје се префрли на општина Сарај во времето кога на власт и во Скопје и во земјата беше ВМРО ДПМНЕ, значи во времеот на Коце и Груевски.

Ако проверите на интернет, веднаш ќе ви излезат вести во кои се вели:

Езерото Треска со одлука на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година е предадено во владение на Општина Сарај. Сите градоначалници најавуваат дека со странски приватен партнер ќе го вратат во функција комплексот. Но тоа никако да се случи.

Инаку околу тоа што се случува со Треска, еве што велат македонските медиуми:

И градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата предизборна програма и кампања ветуваше дека на скопјани ќе им го врати повторно езерото Треска и ќе биде изградена пречистителна станица за да биде водата чиста и безбедна за капење. Шилегов сега вели дека со овој проект и идната инвестиција, просторот ќе биде уреден и вратен во функција. Потсетува дека минатата власт го дала Езерото на Општина Сарај и сега локалната власт си ја тера постапката.

„Пред две години реонот на езерото Треска беше прогласен за туристичка зона, за да може да привлече повеќе инвеститори со цел да го облагородиме тој простор. Во тек е изработка на Детален урбанистички план во Општина Сарај за овој дел, нешто што досега го немало. Во рамки на тој урбанистички план ќе се предвидат содржини и ќе се одвива инвестиција која ќе гарантира дека езерото Треска ќе биде вратено во целосна функција, во спортско-рекреативна, но и туристичка“, вели Шилегов.