РКЕ ОДЛУЧИ ДА ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ПАРНОТО ЗА 4,35%, БИСЛИМОВСКИ: СО ПОЕВТИНА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ОХРАБРУВАМЕ ШТО Е МОЖНО ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ДОМОВИ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА МРЕЖАТА

0
753

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ја намали цената на парното греење во Скопје за 4,35%. Новата цена ќе важи за августовската сметка.

“Најголемата компанија која снабдува 56 000 потрошувачи, БЕГ ќе има намалување на цената за парното за 4,35%. Фиксниот надоместок останува ист, а цената за испорачана топлинска енергија ќе се намали за 6,39%. Со ова испраќаме сигнал дека оние потрошувачи коишто се приклучени на системот за топлинска енергија во сопственост на БЕГ, ќе им се намали сметката за енергија. Со тоа испраќаме уште еден сигнал и потрошувачите кои се исклучиле, да се приклучат на овој организиран систем. Со оваа одлука имаме историски најниска цена за парното” – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

За еден просечен стан од 55-60 м2, вкупниот трошок за греење за една грејна сезона изнесува околу 19 900 денари годишно.

“Причина за ова намалување е пред се’ што ТЕ-ТО во Скопје значително го зголеми своето производство, а од друга страна ние од 2018 година, цената на ТЕ-ТО му ја намаливме за 15% во однос на цената на топланите” – рече Бислимовски.