ВМРОВЦИТЕ ЌЕ ПУКНАТ ОД МАКА : БОЈКО БОРИСОВ МУ ИСПРАТИЛ ЏИП И ПРИДРУЖБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ЦЕЛ БЕЗБЕДНО ДА СТИГНЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

0
2159

Премиерот Зоран Заев е на пат кон Скопје со џип што му го испратил бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува Независен. Според информациите, членовите на македонската делегација се враќаат во земјава со три џипа и со придружба што им ја испратил Борисов, со оглед на лошите услови на патот од Софија до Скопје поради невремето.

Не е исклучено Заев да стигне во Скопје пред завршувањето на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ кој заседава во отсуство на партискиот лидер, а претходно седница одржа и Извршниот одбр под претседателство на заменик-претседателката Радмила Шекеринска.

Авинот со кој Заев и другите членови на македонската делегација се враќаа од Давос попладнево не успеа да слета на скопскиот аеродром, поради снегот и лошите временски услови, туку беше пренасочен кон аеродромот во Софија.