АНТИЧКИ НЕВОЛЈИ: РЕВИЗИЈАТА УТВРДИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ Е ПРЕМНОГУ ЗАДОЛЖЕНА ПАРТИЈА ИАКО РЕДОВНО ДОБИВА ПАРИ ОД ДРЖАВАТА

0
1311

Државниот завод за ревизија го испита работењето на најголемите политички партии во Македонија во 2018 и 2019 година од што произлезе дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не била недомаќинска само кон државата туку и кон самата себе. Освен што ѝ е блокиран дел од недвижниот имот поради судски спор, ВМРО-ДПМНЕ има и долгови во висина од 328.301.000 денари (над 5.300.000 евра), а поради еден од нив ѝ била блокирана банкарската сметка во периодот од септември до декември 2020 година.

“Овластениот државен ревизор извести за судска постапка поведена од страна на надлежните органи во месец октомври 2018 година, со која на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти со вкупна набавна вредност во износ од 1.140.344 денари, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган” – стои во извештајот.