ДА СМЕ КРЕНЕЛЕ РАЦЕ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА, МНОГУ БИЛО КОМПЛИЦИРАНО: Кој можеше да поверува дека новинарката Мери Јордановска ќе биде херој на противниците на договорот со Грција?!?!

0
1897

Еј новинар си 20 години и мислиш дека Македонија може да ја средиме без ЕУ и НАТО?!?!

Да не си свесен дека земјава практично ќе се распадне од разните влијанија на Русија и Србија и воинствените структури на поранешната УЧК?!

Да не си свесен дека болници и инфраструктура нема да се среди без големи странски инвестиции ки нема да дојдат без да сме дел од ЕУ и НАТО?!

Да не си свесен дека членството во ЕУ е директно поврзано со условите на живот дома, џабе реформи ако нема пари, и нема економски бенефиции да си дел од 500 милиона евра пазар без граници и монетарни пречки?!?!

Да не си свесен дека ние 30 години не успеавме дома да се средиме без ЕУ и НАТО и нема ни наредни сто ако не се смени мајндсетот кој ќе се случи ако влеземе во ЕУ и НАТО, низ тој процес ќе поминеме низ страшен мониторинг и рендање низ сито и решето и конечно ќе се препородиме, немаме ние домашна сила и пари и енергија за такво нешто…

Да не си свесен дека решавањето на проблемот со Грција е блиску поврзан со животот во Македонија, без средени односи и соработка во трговија, туризам, безбедност, регионална соработка, помош во разни интеграции и слично, состојбата ќе биде стално напната и на ивица на војна и затворени граници а пристаништето во Солун е ресурс без кој земјава нема да може…

Да не си свесен дека всушност и не губиме многу си договорот со Грција, го зачувуваме идентитетот, добиваме само додавка на името и откажување од антиката…

Неверојатно, каков имбецилен став и колумна, каква неодговорност, каков дилетантизам, онака, она немала нерви и било комплицирано и да баталиме?!?! А има публика од 20 000 народ, и ова сега се шири во јавноста како дефетизам пред референдумот, и после ако не дај боже не успее референдумот, она ќе известува од воени жаришта и ќе освојува пак награди од ЕУ и Америчка Амбасада?!?!

ЦЦЦЦЦ, ВАКВА КОЛУМНА МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ЈАНКО БУРЕК ИЛИ МИЛЕНКО ИЛИ ЈОЦИ, АМА ОД МЕРИ БЕ?!?! НОВИНАРКАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ НОВАТА КАТЕ БЛАЖЕВСКА, НОВАТА ЈАДРАНКА КОСТОВА, АМА НИШТО ОД ТОА….

Извор : Мактел.Мк