АХМЕТИ БАРА СЛОБОДА ЗА ХАШИМ ТАЧИ И ДРУГИ ОБВИНЕТИ КОСОВЦИ

0
554

Слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК побара денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи. Како што истакна тој, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Веселин и Јакуп Красниќи неправедно се  оддалечени од прагот на своите куќи.

„Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји“, се вели во објавата на Ахмети.