Здравството на Грујо и Тодоров тотално раштимано: На умрени пациенти им се јавуваат по „Мој термин“

0
983

Седумдесет и тригодишен пациент, кој починал пред неколку месеци, денес бил баран по „Мој термин“ за да дојде да му се направи колоноскопија (испитување на слузницата на дебелото црево) на скопската Клиника за гастроенхепатологија, информираат болнички извори, пренесува „Фокус“. Според нив, пациентот се пријавил за колоноскопија пред три месеци, но додека чекал термин, во меѓувреме починал, а системот како таков, не препознава пациенти кои починале. Дневно по „Мој термин“ се закажуваат во просек по девет амбулантски пациенти.

Нашите извори тврдат, дека целата фрка настанала откако медицинската сестра се јавила утрово за да го п0тсети пациентот дека денеска по проектот „Мој термин“ е закажан за колоноскопија. Тогаш, неговата сопруга целата потресена почнала да им вика по телефон, како можеле да им се јавуваат, да го бараат кога тој веќе починал. Според информациите, медиицнските сестри се задолжени да им се јавуваат на пациентите и да ги потсетуваат кога треба да се јават на преглед.

Целата сторија ОВДЕ