ИНАЕТОТ НЕМА ГРАНИЦИ, ЛЕВИЦА: ФАЛСИФИКАТОТ НА ПОПИСОТ САМО СЕ ПРОЛОНГИРА

0
783

“Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на пописен фалсификат. Фактот дека на лидерската средба беше одлучено да продолжи пописот во дијаспората, што патем е еден преседан во европската практика, јасно покажува дека обидот за фалсификат е само пролонгиран” – се вели во соопштението на Левица.