ПРЕДВИДЕНИ СЕ ИНВЕСТИЦИИ И ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ВОДОСТОПАНСТВОТО, ТРАЈАН ДИМКОВСКИ: ВО БУЏЕТОТ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА СЕ ОДВОЕНИ НАД 150 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОВИЕ НАМЕНИ

0
922

Буџетот за земјоделството за 2022-ра година има фокус и на капиталните водостопански инвестиции. Вупниот буџет изнесува 9,13 милијарди денари (над 150 милиони евра) за МЗШВ, Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометереолошки работи.

Заменик-министерот Трајан Димковски на прес-конференција соопшти дека најголема сума во износ од 1,27 милијарда денари (над 20 милиони евра) од буџетот на МЗШВ е наменет за Управата за водостопанство. Тоа ќе биде значајно за обезбедување услови за стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство.