Д-Р АЛЕКСАНДРА ГРОЗДАНОВСКА: АСТРА ЗЕНЕКА Е БЕЗБЕДНА ЗА НАЈВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА

0
790

“Астра Зенека претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација” – изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на Астра Зенека и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија.

“Најпрво беше препораката Астра Зенека да не се дава кај постарата популација над 65 години, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај постарата популација. Но вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација.”