Јованоски : Заедно со директорот на Ромскиот образовен фонд, Реџеп Али Џупи, денеска на 30 ученици од ромската етничка заедница од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, им поделивме на користење 30 таблети со 10 гб интернет, за следење на настава од далечина

0
896

Таблетите на учениците ќе им користат за реализација на онлајн наставата, онака како што е предвидено со наставната програма.

Акцијата за доделување на користење на таблети на 30 најзагрозени деца од ромската етничка заедница кои се вклучени во основното образование, е дел од проектот „Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование“, кој е финансиски поддржан преку ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд.
#ОпштинаПрилеп
#ОпштинаНаГраѓаните

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.