ГРЧКАТА ПАРТИЈА ПАСОК УТРЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА НОВ ЛИДЕР ВО ПРВ КРУГ: МЕЃУ ШЕСТЕ КАНДИДАТИ Е И ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ

0
873

Грчката социјалистичка партија (Движење на промени – ПАСОК) одржува прелиминарни избори на 5-ти декември за да избере лидер.

Шест кандидати се тркаат за раководството на партијата. Најголема поддршка имаат поранешниот премиер Јоргос Папандреу, европратеникот Никос Андрулакис и пратеникот Андреас Ловердос. Никој од нив не се очекува да победи на првото гласање.

Поранешната лидерка на партијата, Фофи Генимата почина во октомври по долг период на лекување од рак.

ПАСОК е партија-членка на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Ја изгуби популарноста откако нејзината Влада предводена од Папандреу го потпиша првиот меморандум со Еврозоната.

Аналитичарите сметаат дека ориентацијата на следниот лидер на ПАСОК ќе ги одреди можните владини коалиции во иднина.

Папандреу има симпатии и поддршката од левите и прогресивни политички сили, а Ловердос повеќе се приближува кон десницата.