ПОЛИЦИЈАТА И ТИГРИТЕ ВО ОДДЕЛНИ АКЦИИ ВО ДЕБАР МААЛО УАПСИЈА ВКУПНО 6 ЛИЦА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА И ОРУЖЈЕ

0
920

Криминалистичката полиција и Тигрите синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки на подрачјето на Дебар Маало, ги приведоа Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменети за продажба.

На ул.”Боемска” бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал со патничко возило Ауди со скопски регистарски ознаки, затоа што и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

Лишени од слобода се и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, бидејќи при рутински преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив дополнително биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.