ДИК ЈА ИЗБРА КОМПАНИЈАТА ДЕРМАЛОГ ЗА НАБАВКА НА ФИНГЕРПРИНТ ТЕРМИНАЛИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
1153

Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на фингерпринт терминали за спроведување на локалните избори. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека компанијата имала најдобра понуда и ги исполнила условите на тендерот. Во тек е и јавна набавка за апликација за следење на текот на гласање и добивање првични резултати од изборите.

“Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката, Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана” – информираше претседателот на ДИК, Даштевски.

Одлуката е ставена на веб-страната на Бирото за јавни набавки.

“Компанијата се вика Дермалог од Германија и сега трае рокот за жалба, што трае десет дена. До завршување на тој рок, продолжува постапката. Се надевам дека ќе заврши и тоа како што треба, бидејќи тоа не е во наша надлежност и дека сме еден чекор поблиску до остварување на нашето мото “еден гласач, еден глас”” – истакна Даштевски.