ИМУНИЗАЦИЈАТА Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ВО СПОРТСКИТЕ САЛИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА ДОДЕКА ИМА ПОТРЕБА

0
1089

“Вакцинацијата во спортските сали низ државата ќе трае се додека има потреба” – велат од Министерството за здравство.

Во најголемиот спортскиот центар “Борис Трајковски” се врши имунизација на сите оние кои што се пријавија за вакцина преку официјалниот сајт, а од понеделникот почна вакцинација и на лицата кои немаат закажано термини во поликлиниките. И на терен, со мобилни екипи секојдневно се врши имунизација на заинтересираните граѓани.

Спортската сала “Билјанини извори” во Охрид од понеделник ќе им биде достапна на спортистите. Во изминатиов период, во оваа сала се имунизирааше населението од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Дебарца и Ресен и досега се вакцинирани над 58 илјади лица.