УБАВА ВЕСТ ОД ПРИЈАТЕЛСКА БУГАРИЈА : МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ МОЖЕ ДА ВЕЖБААТ НА ПОЛИГОНИТЕ ВО БУГАРИЈА, А БУГАРСКИТЕ ВОЈНИЦИ НА ПОЛИГОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

0
1900

Вчера заменикот министер за одбрана на Бугарија Анатоли Величков и државниот секретар на Министерството за одбрана на Македонија, Драган Николиќ потпишаа протокол што го уредува делот за соработката на двете земји во областа на воените одморалишта.

Според постигнатиот договор припадници на АРМ ќе можат својот одмор да го искористат во одморалиштата на бугарската армија, а истото важи и за припадници на бугарската армија ќе можат да одмораат во Македонија.

На средбата е даден предлог за создавање на заедничка комисија за воените споменици на териториите на двете држави. Бугарската страна изрази подготвеност да им обезбеди обука на македонски воени лекари во бугарската Военомедицинска академија.