ПО ОКОЛУ 800 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИРАНИ СО ДВЕ ДОЗИ, ЌЕ СЕ ПРЕМИНЕ НА СЛЕДНА ЕТАПА, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ СЕ ОБВРЗАТ НА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ ПЦР ТЕСТОВИ СИТЕ ВРАБОТЕНИ НА ЛОКАЛНО И ДРЖАВНО НИВО

0
817

Комисијата за заштита од заразни болести ќе препорача до Владата да донесе одлука сите вработени во јавниот сектор да мора да се вакцинирани за да одат на работа, да имаат потврда за прележан Ковид-19 или да имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат.

“Да ѝ предложиме на Владата сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Втора мерка која ќе се предложи е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.

Министерот Филипче им препорачува на приватните работодавачи да побараат од нивните вработени да се вакцинирани.

Мерките ќе почнат да важат 10 дена по одржување на владината седница на која ќе бидат прифатени мерките.