ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН : АНГАЖИРАНИ НАД 45 ИЛЈАДИ ПОЛИЦАЈЦИ ОКЛОПНИ ВОЗИЛА И ХЕЛИКОПТЕРИ

0
666

Синоќа се уапсени 270 лица, со што вкупниот број достигна повеќе од 1.100, а 79 полицајци се повредени по протестите во Франција откако се разгореа немирите. Насилните протести кои се случуваат во повеќе градови следуваат отако во вторникот полицаец во париското предградие Нантер уби 17 годишно момче. Францускиот претседател Емануел Макрон кој предвреме го напушти самитот на Европската унија во Брисел за да присуствува на вториот кризен состанок во владата за два дена, ги повика родителите да ги тргнат децата од улица.

„Двете ноќи кои ги преживеавме произлегуваат од стуација која е апсолутно неприфатлива ниту оправдана, затоа што со ништо не можат да се оправдаат насилства особено кога се состои од напад врз јавни згради и градски сали и полициски станици и училишта, или се организираат грабежи на продавници. Нема ништо со што ќе се оправда. А сето тоа се случува по смртта на еден тинејџер, за што сите жалиме и овој период треба да му оддадеме почит.

Макрон побара од социјалните мрежи да ги отстранат „најчувствителните“ снимки од немирите и да ги откријат идентитетите на корисниците кои поттикнуваат насилство. Најтензично било во Марсеј. Насилства и кражби се регистрирани и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил, иако на улиците на француските градови беа распоредени 45 000 полицајци помогнати од оклопни возила и хеликоптери.

„Во интерес е на оние кои го изразуваат гневот да ги заштитат нашите јавни служби. Правосудниот систем треба да си ја заврши работата. Никој не е над законот и секој треба да биде заштитен со законот. Треба да му оставиме на правосудниот систем да работи, барем тоа му го должиме на младиот човек што беше убиен.

Смртта на 17-годишникот со алжирско и мароканско потекло, снимена на видео, повторно ги разгоре долгогодишни поплаки за полициско насилство и расизам на сиромашните и расно мешаните урбани заедници.

„Никој не ги слуша луѓето како нас. Јас сум против насилство, но овие млади луѓе сакаат нивните гласови да бидат слушнати.

Момчето денеска ќе биде погребано во Нантер, а неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот.