ЈАСНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СЕ СРЕТНА СО СЛОВЕНЕЧКИОТ КОЛЕГА ПАХОР НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ

0
656

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на учеството на самитот на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ, оствари одделни средби со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На средбата со претседателот Пахор, претседателот Пендаровски истакна дека земјава силно ги вреднува одлучноста и поддршката од Словенија кон политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како и најавата дека тоа ќе биде меѓу врвните приоритети во агендата на претседавањето на Република Словенија со Советот на Европската Унија во втората половина на 2021 година.

Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес. Северна Македонија останува посветена на исполнување на надворешно-политичката цел, односно полноправно членство во ЕУ, што ќе овозможи забрзано спроведување на реформите во земјата.