СДСМ : ЛИСТА ЗА БЛОКАДА НА ЕУ, ТОА Е ПОНУДАТА НА ДПМНЕ СО 80% ИСТИ ПРАТЕНИЦИ

0
137

Составот на кандидатските листи за пратеници од ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија.

Понудата на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на државата.

Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.

Во време на криза во парламентот ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.

Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.

Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот.

Граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Затоа, кристално јасно е, изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ.