ПЕТРОВСКА ГО ЗАПУКА СЕЈДИУ : ЗА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО КАЈ КАРПАЛАК НЕ МУДРУВАЈ МНОГУ, СПОМЕНИЦИ ЌЕ ИМА И ТОА НА ТРИ ЛОКАЦИИ И ИМА ДА ПОСТАПИШ КАКО ШТО ЈАС ЌЕ КАЖАМ

0
1702
Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

Во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети.

Драго ми е што го охрабрив и градоначалникот на Бутел после 2 години од неговиот мандат да започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема.

Деновиве се воздржував од коментари на сè што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства.

Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката.
Фејсбук статус на министерката за одбрана, Славјанка Петровска