ГРАД СКОПЈЕ : РЕКОНСТРУИРАН БУЛЕВАРОТ АСНОМ ВО НОВО ЛИСИЧЕ

0
241
Почитувани,
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на завршената реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.
Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници.
Станува збор за целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“.
Со овој проект се изврши и целосно уредување на зелените површини покрај булеварот со вкупна површина од 27.000 квадратни метри. На новата зелена површина поставено е соодветно партерно уредување, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување на тревниците. Со уредувањето на зеленилото на оваа локација се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, животната средина и се зголемуваат парковските површини во градот.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје