Македонец е приведен од британската полиција поради сомнение за криумчарење мигранти, пренесува Би-Би-Си.
28-годишниот Мухамед Алиевски од Македонија во саботата наутро бил уапсен во британскиот град Ашфорд. Алиевски е лишен од слобода поради сомнение за криумчарење на мигранти. Заедно со Алиевски приведен е и 22-годишен албански државјанин, кој бил баран за идржување на казна затвор поради трговија со дрога.
На Алиевски му е одредена мерка притвор.