АГРАРНА РЕФОРМА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: ПРОМОВИРАМЕ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СО ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ НА ЗЕМЈИШТЕТО САМО ЗА ТАКВА НАМЕНА

0
1082

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на лозовиот насад Тиквеш кај месноста Бабуна во Велес, изјави дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, во одговор на новинарско прашање во врска со продажбата на земјоделско земјиште и најавите од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира законот.

Лесно е да блокирате, важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто. Ваквите инвестиции што се прават во земјоделството, ниту една банка не ги зема гаранциите што ги даваат самите насади и ги очекуваат од земјиштето. За да може да продолжи М-6, еден од најголемите инвеститори во лозарството, но и во сите други области во земјоделието, главен предуслов за севкупен економски развој во оваа многу значајна економска гранка во Северна Македонија е сопственоста на земјоделското земјиште, што е неопходен услов за развој преку соодветни и светски познати инвестиции во земјоделието, ако сакаме да бидеме барем рамо до рамо со регионот и со светот” – рече Заев.

Тој нагласи дека не постои инвеститор и не постои никаква можност за дополнителен сериозен развој во земјоделството без сопственост на земјиштето.