КОВАЧЕВСКИ : СДСМ ПОКАЖА ДЕКА ГИ ЦЕНИ МУЛТИЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ, ЗА МИЦКОСКИ ТОЈ БИЛ „ИЗМЕЌАР“ НА ДУИ

0
257

СДСМ покажа дека е политичка партија која ги цени мултиетничките односи во земјата и тоа сме го покажале на сите нивоа и во владата и во партијата, уверува претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.„Тие се императив за функционирање на државата. Од кога сме на власт нема никакви меѓуетнички тензии. Сметам дека ДУИ не се однесуваше на начин на кој треба да се однесува, меѓутоа морам да кажам дека и претставници на таа партија работеа напорно. Меѓутоа кога народот гледа како некој игра фудбал во канцеларија тогаш народот смета дека ништо не се работи. Доддека ја водев владата покрај ДУИ учествуваа и други политички партии и секогаш соработката беше на основа на европските интеграции и приоритетите на земјата“, вели Ковачевски.

Тој рече дека му понудил на Мицкоски да направат заедничка влада за да ги донесат одлуките за европска перспектива.

„Мицкоски рече ДУИ да не биде во таа влада и ДУИ рекоа добро. Јас мислам дека Мицкоски има воопшто проблем со сите Албанци. Тие тоа и до сега го правеле истакнувајќи го како голем патриотизам. Сите инспекции да работат согласно законите и да си поднесат соодветно обвинение без разлика од каде е тој што госторил криминалот“, вели Ковачевски.

Мицкоски вели дека бил засрамен како СДСМ се однесувале како измеќари на ДУИ.
„Често се прашував што е тоа што СДСМ ги натера да се претворат во измеќар на Али Ахмети и Артан Груби. Но еве сега се закани жестоко дека доколку освои иден мандат немало да дозволи играње фидбал во кабинетот на Артан Груби. Но кога се случуваа безброј други скандали како оној со Соравија и ништо не прават ни кажува дека доколку пак дојдат на ввласт ништо нема да направат. Од мачиња лавови не бидува. ДУИ треба да одговараат за тоа што и го направија на државата, а СДСМ време е да оди во опозиција“, вели Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО – ДПМНЕ и во Тетово и во Гостивар биле во коалиција со албанска политичка партија но немало проблеми.
„Тетово и знамињата не се случи во владата на ВМРО – ДПМНЕ, битпазар не се случи во владата на ВМРО – ДПМНЕ. Ковачевски дали имате визија како да се справите со она што го прават ДУИ. Ме обвинувате меде дека нападот кон ДУИ е напад врз Албанците е тоа така нее јас имам многу преијателииАлбанци и Роми, ноникогаш нема да се помирам со криминалци кои ја крадат Македонија“, рече Мицкоски.