ПАНЕВРОПСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕУРОЊУЗ НА ДОФАТ НА БУДИМПЕШТА: БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ОРБАН ЌЕ ОТКУПИ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД АКЦИИТЕ

0
1175
Португалската компанија Алпак капитал која треба да стане мнозински акционер во паневропската телевизија Еуроњуз, има долгогодишни врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Таткото на извршниот директор на инвестициската компанија Алпак капитал и поранешен пратеник во Европскиот парламент, Марио Давид е долгогодишен соработник и советник на Орбан.

Коомпанијата Алпак капитал ќе купи 88% од акциите на Еуроњуз од египетскиот милијардер Нагиб Савирис. Алпак капитал има канцеларии во Лисабон, Будимпешта и Дубаи.

Марио Давид беше пратеник во Европскиот парламент од 2009 до 2014 година и беше потпретседател на Европската народна партија.