ПРАТЕНИКОТ КОСТОВСКИ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО УАПСИ ЛАТАС

0
1028

Пратеникот Мартин Костовски го повика Јавното обвинителство да го уапси водутелот Драган Павловиќ – Латас по коментарите дадени за силување девојка во поткастот кај јутјуберот Стефан Лазаров.

„Основното јавно обвинителство мора да ја оправда целта на своето постоење, нема изговор има еклатантна изјава. Уште вечерва под итно да му заѕвонат на “фраерот-Латас”и фино да си дадат налог за негово апсење, па во затворот нека се смее и фали како силувал девојче.

  Па може да признае и колку девојки и жени можеби имале изнуди во Македонија кога оваа “дно од човек” се смееше и јавуваше со муабетот “ало,началниче” Пример за борба против оваа хипокризија и деструкција во општеството ќе биде можеби доволно едно (решение за притвор), за почеток. Значи почитувано,обвинителство зависи од вас и од никој друг, тоа е минимум што може да сторите-едноставно морате“, изреагира Костовски на социјалните мрежи.