МПЦ ОД БИЗНИС РЕЛАЦИИ СЕ ПРЕФРЛИ НА ПОЛИТИКА: ВЛАДАТА ДА СЕ ДРЖИ ДО ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ СО РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

0
1178

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква јавно апелираше до надлежните државни институции, во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се придржуваат до Резолуцијата во Собранието за заштита на националните интереси и македонскиот идентитет.

“Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ-ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа” – се вели во соопштението од МПЦ-ОА.