САД НЕМА ДА ГИ УКИНЕ ВИЗИТЕ ЗА БУГАРИЈА: ПРОДАЖБАТА НА ПАСОШИ ВО БУГАРИЈА МОРА ДА СЕ ЗАПРЕ

0
1385

Нема укинување на визите за бугарските државјани сѐ додека не престане праксата во Бугарија за издавање на златни пасоши т.е. издавање пасоши преку корупција или измама. Поради ова, Европската комисија не може да преговара за сите европски граѓани да можат да патуваат без визи во САД.

“Вашингтон ја препознава потребата за подобрување на системите за пасоши, особено во однос на државјанството за инвестирање (“златни пасоши”), пасошката измама, биометриската обработка и корупцијата на државните и општинските службеници” се вели во извештајот.

Според последните податоци, бројот на одбиени барања за американски визи од бугарските граѓани повторно расте откако во 2019 година беше под 10% од вкупниот број барања.