ПАНДЕВ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ: ЈА СПЛОТИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ГО СПЛОТИ И ЦЕЛ НАРОД ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

0
833

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката која ја имаа во изминатите шест години во националниот тим.

Пандев ја заврши репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, додека Ангеловски потврди дека ја завршил соработката со ФФМ.

“На 20 октомври 2015 година, прв пат кога се сретнавме, во твоите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направиш од репрезентацијата една голема фамилија и дека твојата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, го сплоти цел македонски народ. Ти направи да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце” – напиша Пандев.