ГЕРМАНСКА ПОДДРШКА ЗА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА, ФИЛИПЧЕ: ВО УПОТРЕБА Е НОВ ЛАБОРАТОРИСКИ ФРИЖИДЕР ЗА ПРЕЗЕРВАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА

0
738

Заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн денеска на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ присуствувавме на пуштање во употреба на новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација.

Оваа донација од Германската Амбасада е особено важна за нас поради тоа што годинава за прв пат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа, на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и’ беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор. Благодарност до германската амбасада и амбасадорката Холштајн што ја препознаваат нашата заложба за постојано подобрување на здравствениот систем и се наши партнери во неколку значајни проекти.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ