ОСМАНИ: НЕОДРЖЛИВО Е БУГАРСКОТО ВЕТО КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
666

“Состојбата на постојано одложување на почетокот на преговорите е неодржлива за регионот, неодржлива за кредибилитетот на процесот на проширување и неодржлива е за ЕУ” – изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Република Северна Македонија ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите. Треба да ги почнеме преговорите во услови кога 35 проценти од европското законодавство се веќе дел од нашето законодавство.

“Се направија сите потребни реформски решенија и се затворија сите политички прашања кои стоеја како пречка на патот. Мислам дека овие аргументи и разговорите со бугарската Влада ќе бидат доволни за преговорите да почнат веднаш, а Договорот за добрососдство секако е дел од обврските на државата” – додаде Османи.