Богоев: По 24-ти април затвор за криминалците!

0
791

„Македонија нема да биде земја на празни станови, куќи и ученички клупи, туку земја на насмеани лица и полни срца.
После 24 април, младите ќе бидат двигател, младите ќе бидат иднината на Република Македонија.

Груевски, од програмскиот Конгрес на СДСМ, каде што ја носиме победничката Програма, младите ти порачуваат: На 24 април победуваме, а после април затвор за криминалците!”, изјави Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, на 19-от програмски Конгрес на СДСМ.

Богоев се осврна на мерките од Програмата кои гарантираат подобар живот за младите. Реконструирани студентски домови, Студентски центар, младинска гаранција, поддршка за работодавачите кои ќе вработуваат млади.