(ВИДЕО) Костадинов: Дали „Македонски шуми“ продава дрва под рака на црно?

0
1428

Времето се залади, грејната сезона само што не е почната, а граѓаните на Струмица не можат да дојдат до огревни дрва. Без огрев ги остава граѓаните претпријатието платено да им овозможи набавка на дрва, „Македонски шуми“, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

„ЈП „Македонски шуми“, според нашите информации, ја нема потрошено законски дозволената количина огревни дрва за продажба.Која е тогаш причината што граѓаните не можат да дојдат до дрва за огрев? Дали причината што граѓаните на Струмица се без дрва, се бизниси на црно во коишто се вмешани токму лица вработени во јавното претпријатие Македонски шуми? Дали Македонски шуми продава дрва под рака на црно? Дали Македонски шуми, освен што дозволува продажба на дрва на црно, е вмешано и во скандалозна сеча на црно? Дали сечењето, уште поскандалозно, се врши во ноќни часови со запленети пили од граѓани кои биле фатени од шумската полиција како сечат на црно?

Дали уште поскандалозно, и транспортот на исечените дрва на црно се врши со запленети возила од граѓани кои биле фатени како сечат на црно? Ако е ова така, тоа значи дека граѓаните не можат да дојдат до дрва за огрев, казнети се ако сечат нелегално, а во меѓувреме, со нивни предмети, државно претпријатие сече на црно!

Дали Законот дозволува директорот со квалификациите што ги има да ја извршува функцијата и да раководи со претпријатието?
Дали е точно дека се води паралелно книговодство во канцелариите во Македонски шуми – подружница Струмица, за да се сокрие фактичката состојба со количествата на дрва во складиштата на претпријатието.

Бараме надлежните институции да ги испитаат сите овие наводи за злоупотреби и криминал од страна на ЈП Македонски шуми. Порачуваме дека одговорност ќе има!“, додаде Костадинов.