ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАСПИШАНИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ЏАФЕРИ: ВО ТЕКОТ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА, СОБРАНИЕТО НЕМА ДА ДРЖИ КОМИСИСКИ И ПЛЕНАРНИ СЕДНИЦИ

0
741

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денес го потпиша Решението за распишување на избори за членови на советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје на 17-ти октомври годинава. Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК), Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.

“Со оглед на тоа што изборната кампања за локалните избори започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите, во текот на кампањата Собранието нема да одржува пленарни и комисиски седници. На овој начин им се овозможува на политичките партии и нивните кандидати целосно да се посветат на изборната кампања и на барањата на граѓаните, истовремено избегнувајќи можност кампањата да се пресели во собраниската пленарна сала” – рече Џафери.

“Од надлежните институции очекувам да обезбедат избори на ниво кое се очекува од земја-членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Апелирам до сите учесници во изборниот процес целосно да ги почитуваат Уставот, законите и да се однесуваат согласно Етичкиот кодекс, како и да осигураат дека кампањата и самиот ден на изборите ќе се одвиваат во духот на демократијата, фер изборен процес и еднаквост на сите граѓаниЌ – рече Џафери.