ДЕТСКАТА КЛИНИКА ГО ДОБИ ЛЕКОТ КАЛИДЕКО ЗА ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА, МЗ: СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ОБЕЗБЕДИВМЕ 580 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БЕСПЛАТНИ ЛЕКОВИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

0
635

Министерството за здравство објави дека Клиниката за детски болести го доби лекот Калидеко, терапија за пациентите со цистична фиброза. Оваа терапија е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест и за цела година.

“Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а со таквиот  пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. После три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со ребаланс на буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година кога за буџетот на оваа програма биле издвоени само 214 милиони денари” – велат од МЗ.