ХОНГ КОНГ ПОДАРУВА 500.000 БЕСПЛАТНИ АВИОНСКИ БИЛЕТИ

0
539

Владата на Хонг онг најави дека има намера да подари 500.000 бесплатни авионски карти во рамки на напорите да се оживее турзимот и повторно да се привлечат посетителите во градот, објави CNN.
Иницијативата, наречена “Hello Hong Kong”, беше претставена во четвртокот, а на неа се работело повеќе од две години.

Бесплатните билети ќе бидат дистрибуирани меѓу трите авиокомпании – Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines, а 500.000 билети го чинат градот вкупно околу 254,8 милиони долари.

Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг можат да ја посетат страницата „World of Winners“ почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите имиња во лотаријата за билети за летови.