ВАКВИ БУДАЛЕТИНКИ ЈА МАТАТ ВОДАТА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА : ИСТОРИЧАРОТ ЃОРЃИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ГОЦЕ ГО ИЗМЕНИЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЧКРТНАЛ БУГАРИН, НАПИШАЛ МАКЕДОНЕЦ?!

0
596

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот по историја, Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.

– Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети, при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата – рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.
– Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец – дециден е Ѓорѓиев, порачувајќи дека штом Гоце ги избришал Бугарите од Уставот, и ние нема да ги внесеме.