ВЛАТКО ЃОРЧЕВ: Сенаторот Џон Мекејн беше долгогодишен и голем пријател на Република Македонија

0
1143

Сенаторот Џон Мекејн беше долгогодишен и голем пријател на Република Македонија. Секогаш во своите изјави и настапи го користеше нашето уставно име, со силна поддршка на македонско – американските односи.

На нашите заеднички средби секогаш беше силен промотор на членството на Македонија во НАТО и имаше одлични зборови за професионалноста и обученоста на војниците на АРМ.

Ми беше задоволство што како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ бев присутен на неговата претседателска конвенција во Минеаполис во 2008 година, каде што беше номиниран за кандидат за претседател на Републиканската партија. Секогаш беше отворен и достапен за средба и разговор во неговиот кабинет во Вашингтон.

Воедно, сенаторот Џон Мекејн беше претседател на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој што е долгогодишен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Присутноста на ИРИ во изминативе 22 години во Македонија ги помогна демократските процеси и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива соработката со ИРИ.

Сенаторот Џон Мекејн (1963-2018) почина во текот на денешниот ден. Беше конгресмен (1982 – 1986) и сенатор (1986 – 2018) од Аризона. Во 2008 година беше кандидат за претседател на Републиканците, а резултатот беше 52% – 46% во корист на претседателот Барак Обама.

Џон Мекејн беше сопруг на Линдзи Мекејн и имаше 7 деца.

Фејсбук статус на Влатко Ѓорчев