ПО КРИТИКИТЕ ОД ТРИФОНОВ ЗА ПРАЌАЊЕТО БУГАРСКИ ПОЖАРНИКАРИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, РАДЕВ ВОЗВРАТИ: ЗАПРЕНИ СЕ ПОЖАРИТЕ ВО БУГАРИЈА, ДОЛЖНИ СМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ СОСЕДИ И ДА СПРЕЧИМЕ ОТТАМУ ДА ДОЈДАТ НОВИ ПОЖАРИ ВО БУГАРИЈА

0
1018

Лидерот на партијата “Има таков народ”, Слави Трифонов ја критикуваше одлуката на техничката влада во Софија да испрати 25 пожарникари на помош во Северна Македонија. Одлуката ја бранеше претседателот Румен Радев.

“Сите пожари на територијата на нашата земја се под контрола. Најголемата закана во моментов, е од територијата на Република Северна Македонија каде што веќе се приближува пожарот на 4 километри од нашата граница. Сакам да им се заблагодарам на сите пожарникари, војници. Тие заслужуваат признание а не прекори дека се таму или прекори кон оние што ги испратиле. Тоа е должност, да им помогнеме на нашите браќа, но не е само тоа, туку и да спречиме пожарите да дојдат во нашата земја” – рече Радев.

Техничкиот премиер Стефан Јанев ја поддржа одлуката за давање помош на Северна Македонија: “Испративме екипи од противпожарната бригада во Македонија бидејќи нашата анализа покажа дека пожарот може да тргне кон нашата граница. И ако некој се сомнева, нека праша жители на Благоевград и соседните села каков чад дишеа вчера и што чувствуваа.”