НОВА МАНИПУЛАЦИЈА ОД АПАСИЕВ: СЕ ПОПИШУВААТ И ЛИЦА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО, САМО СО ИЗВОД ОД РОДЕНИТЕ

0
1494

“Упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, сѐ додека не се изготви консензуален Закон во кој ќе се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија.

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) ја убедуваат јавноста дека пописот е само статистичка операција, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со парапописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување.

Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации. Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот” – пишува во соопштението од Левица.