ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДЕНЕС ОСТВАРИВ СРЕДБА СО КИНОЛОШКОТО ДРУШТВО ОД ПРИЛЕП, ТОА Е НАЈСТАРОТО АКТИВНО ДРУШТВО ВО ЗЕМЈАВА, ВЕДНАШ ОДГОВОРИВ НА НИВНИТЕ БАРАЊА ДЕКА ВО НАЈБРЗ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ЌЕ СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА ,,ДОГ ПАРК”, ДО ТЕРЕНОТ СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА ВО НАСЕЛБАТА БОНЧЕЈЦА

0
568
Кинолошкото друштво Прилеп е најстарото активно друштво во нашата земја, кое следната година слави 40 години постоење.

Со својата посветеност и љубов кон кинологијата и своите миленици, одгледувачите од Прилеп несомнено се најуспешните меѓу своите колеги. За тоа зборува и фактот дека од нивните одгледувачници произлегле повеќе светски прваци, од кои последниот е младински Светски првак во расата шарпланинец.

Сето ова само по себе ја наметнува потребата од наша максимална подршка и овозможување на потребните предуслови за одгледување на расните кучиња.

На средбата со членовите на Кинолошкото друштво Прилеп се согласивме дека треба да ја возобновиме традиционалната меѓународна изложба, бидејќи со своите љубимци и резултати тие се меѓу најдобрите промотори на Прилеп во кинолошкиот свет.

Како одговор на нивните барања и потреби, во најбрз временски период ќе биде ставен во функција т.н. „Дог парк“, до теренот со вештачка трева во населбата Бончејца, простор во кој сопствениците ќе можат да користат реквизити за своите миленици, а истовремено да се одмараат на поставената урбана опрема.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Горан Сугарески.