АЛБАНИЈА СО МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ОТКАКО ДОБИ И 192 000 КИНЕСКИ ВАКЦИНИ

0
204

Масовната имунизација на населението во Албанија започна денеска во пресрет на летната туристичка сезона, откако земјата набави 192.000 дози од кинеската вакцина против Ковид-19, пренесе агенцијата АП.

Пред кинеската вакцина, во Албанија стигнаа помалку од 100.000 дози вакцини од производителите Фајзер, Астра Зенека и Спутник В.

Досега во Албанија се вакцинирани 65 000 лица вклучително медицинскиот персонал, лица постари од 80 години и просветни работници.

Вакцините на кинеската компанија Синовак оваа недела ги донесе премиерот Еди Рама од Турција додека 500 000 дози од истата компанија, Албанија треба да ги добие во следните два месеци.

Рама исто така рече дека компанијата Синовак ќе гради фабрика во Албанија која ќе произведува разни вакцини. Албанската влада сака да вакцинира што повеќе луѓе за земјата да биде подготвена за летната туристичка сезона.