НЕПРИЈАТНА ВИСТИНА ЗА ВМОРОНИТЕ ОД ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: ЗАЕВ ИМА ЧИСТ МАНДАТ ДО 2025 ГОДИНА БЛАГОДАРЕНИЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОПОЗИЦИЈА, НЕСПОСОБНИОТ МИЦКОСКИ

0
1102

Во дебатата на Канал 5, во емисијата “Само вистина” гостин беше поранешниот пратеник и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски заедно со поранешниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски.

Филип Петровски овој пат се обиде трезвено да ја процени големата политичка слика за состојбите во државата. Конкретно за премиерот Заев, рече дека корупциската афера поврзана со неговиот екс генерален секретар Рашковски е негова најголема црна дамка во досегашното владеење. Не смета дека политички има вина за случајот со лажните пасоши или со двојните матични броеви бидејќи тоа бил проблем од подолг рок кој што се провлекувал во МВР. Но сепак резигнирано рече дека Македонија е со децении пропадната држава во која што не се случуваат позначајни промени кои што би донеле подобар квалитет за животот на граѓаните.

Неговите најголеми критики сепак беа упатени кон сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека поради неспособниот Мицкоски кој што неколку години се однесува како министер за опозиција на премиерот Заев, ВМРО-ДПМНЕ не може да се надева на изборна победа иако очекува поголем број општини да освои опозицијата и тоа да го смета за некаков позитивен резултат.